Турскиот министер за енергија вели дека „најмногу уште 18 лица“ се` уште се заглавени во рудникот за јаглен во Сома по експлозијата и пожарот во кои загинаа повеќе од 280 лица.
Танер Јилдиз од Турција во петок исто така кажа дека официјални лица очекуваат конечната цифра на загинати во несреќата да биде околу 302 лица. Не е јасно дали оние се` уште во рудникот се живи. Експлозијата на трансформатор од вторникот во Сома е најлошата рударска несреќа што се случила во Турција.
Пожарот што продолжува да гори со денови, ги отежнува напорите за барање на преживеани. Речиси два дена минаа без никој да биде изнесен жив од рудникот.