Линкови за пристапност

Турска делегација во Вашингтон


Целта е да се изврши притисок врз САД по барањето на Анкара за екстрадиција на поранешниот имам, обвинет за раководење со најновиот обид за воен удар во Турција.

Група турски законодавци се наоѓа во Вашингтон, со цел да изврши притисок врз американските претставници по барањето на Анкара за екстрадиција на поранешниот имам, обвинет за раководење со најновиот обид за воен удар во Турција.

Турските официјални лица рекоа дека ако Фетулах Ѓулен не биде вратен во Турција, би можело да влијае на односите меѓу двете држави и би било во директна врска со регионалната стабилност.

На средбата во Одделот за правда преовладувал соработувачки дух, но турските претставници предупредиле на сериозни последици по американско-турските односи и глобалната војна против тероризмот, доколку Вашингтон не го исполни барањето на Анкара.

Американски претставници засега не коментираат по прашањето, само дека тоа се разгледува од страна на надлежните органи.

XS
SM
MD
LG