Линкови за пристапност

Турција ќе ја преименува улицата пред американската амбасада


Градоначалникот на Анкара објави дека новото име ќе биде „Маслинова гранка“ по името на турската воена операција во Сирија

Улицата каде што е лоцирана американската амбасада во Анкара ќе биде преименувана во „Маслинова гранка“ по името на турската воена операција во Сирија.

Потегот е најнов пример за заострените односи помеѓу НАТО-сојузникот Турција и САД. Турската воена операција наречена „Маслинова гранка“ за цел ги имаше курдските паравојски во Сирија, кои ги нарекува терористичка организација, а коишто САД ги сметаат како сојузник во борбата против Исламската држава.

Градоначалникот на Анкара Мустафа Туна, денеска на Твитер напиша: „Го потпишавме предлогот за промена на името на авенијата "Невзат Тандоган" пред американската амбасада во „Маслинова гранка“.

Туна вели дека предлогот наскоро ќе биде презентиран до општинскиот парламент, каде најверојатно ќе биде одобрен. Ова се случува непосредно пред посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG