Линкови за пристапност

Ердоган одби да се сретне со Болтон во Анкара


Турскиот претседател рече дека во овој момент не се возможни никакви компромиси

Денешната посета на Анкара на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон заврши во тензична ситуација, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби да се сретне со него.

„Болтон направи сериозна грешка, и секој што мисли така греши. Во оваа ситуација е невозможно да правиме компромиси“, рече Ердоган при обраќањето во Парламентот.

Курдската паравојска во Сирија е клучен сојузник на Вашингтон во борбата против Исламската држава, на која пак Анкара гледа како на терористичка група.

Ердоган, исто така, предупреди дека се завршени подготовките за воена операција против курдската паравојска.

„Ако има други териристи кои би се мешале во наша интервенција, наша должност е да ги елиминираме и нив“, додаде Ердоган.

Аналитичарите велат дека заканата од турска операција против курдската паравојска во североисточниот дел на Сирија, каде има распоредено околу 2.000 американски војници, било причина за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повелкување од Сирија.

По најавата на Трамп, Ердоган рече дека Турција ќе одложи каква било операција додека да заминат американските војници.

Сепак, гневот на Анкара поради предусловите на Болтон пред какво било американско повлекување, вклучувајќи и безбедносни гаранции за курдската паравојска, може да ја забрза воената операција.

Ердоган изјави дека неговото одбивање да се сретне со Болтон не е намерно, и оти американскиот национален советник имал задоволителна средба со неговиот портпарол и турскиот министер за одбрана.

„Процесот на дијалог меѓу американската војска и официјалните лица ќе продолжи“, изјави портпаролот на Ердоган, додавајќи дека Сирија треба да биде исчистена од сите терористички организации, без да се отстапи од борбата против Исламската држава.

„Болтон имаше конструктивна дискусија за одлуката на претседателот за соодветно повлекување од свероисточниот дел на Сирија“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Гарет Маркис.

И покрај напорите на двете страни за диполматска разврска, аналитичарите сметаат дека позицијата на САД во регионот ослабела, по најавите за повлекување од Сирија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG