Линкови за пристапност

Турски дипломати во Вашингтон за релаксирање на односите со САД


Со оглед на несигурната состојба на турските финансиски и економски пазари, Анкара веројатно има малку простор за маневрирање со Вашингтон

Турската дипломатска делегација утре ќе го посети Вашингтон со цел намалување на тензиите меѓу Турција и САД. Извештајот за најавената посетата помогна да се спречи падот на вредноста на турската валута.

Аналитичарите предупредуваат дека зголемувањето на американските и турските тензии се заканува да предизвикаат финансиска криза во Турција.

„Ова има негативно влијание врз нашите животи. Нашата куповна моќ се намали, луѓето се вознемирени и оние кои можат да си дозволат да купат се плашат да ги потрошат парите“, рече работникот Мурат Алп.

„Според извештаите на САД, тие се подготвени да наметнат санкции против Турција што би имало влијание врз економијата. Сите инвеститори се колебаат, а нашата куповна моќ ослабна, луѓето се нервозни, не сакаат ништо да купат и да ги трошат парите“, изјави домаќинката Нутен Гемичи.

Со оглед на несигурната состојба на турските финансиски и економски пазари, Анкара веројатно има малку простор за маневрирање со Вашингтон.

На врвот на агендата во четврток се очекува да бидат разговорите за притворањето во Турција на Американецот Ендру Брунсон.

Брунсон во моментов е во домашен притвор додека се соочува со обвиненија за тероризам.

Американско-турските тензии ескалираа минатата недела, при што претседателот на САД, Доналд Трамп, воведе санкции врз два турски министри против притворот на Брунсон. Анкара, возврати со реципрочни мерки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG