Линкови за пристапност

Турција и официјално побара апсење на Ѓулен


САД велат дека екстрадицијата е прашање на судска јурисдикција

Турските медиуми објавија дека Владата на Турција го испратила првото официјално барање до САД за апсење на свештеникот, осомничен дека го осмислил неуспешниот обид за државен удар во јули.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, во повеќе наврати го обвини Фетулах Ѓулен дека стои зад обидот за државен удар, во кој загинаа најмалку 270 лица.

Според турските медиуми во барање се тврдело дека Ѓулен „давал наредби и командувал“ со операцијата.

Турција неофицијално бараше екстрадицијата на Ѓулен со недели.

Седумдесет и петгодишниот Ѓулен живее во егзил во САД од 1999-та година, и негира каква била вклученост во обидот за државен удар.

XS
SM
MD
LG