Линкови за пристапност

Турција им се закани на САД со екстрадицијата на Ѓулен


Турската влада предупреди дека ќе дојде до сериозно нарушување на односите меѓу двете држави, ако Ѓулен не биде предаден

Турција ги предупреди САД дека ако не го екстрадираат Фетулах Ѓулен, обвинет за обид за државен удар во Турција, ќе дојде до сериозно нарушување на односите меѓу двете држави, нагласувајќи дека САД „ ќе ги жртвуваат релациите за доброто на терорист“.

Турската влада во неколку наврати се обиде да направи притисок врз САД за предавање на Ѓулен, кратко по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.

Минатата недела, адвокатите на Ѓулен изјавија дека Турската влада не обезбедила докази да ја докаже неговата вклученост во нападот, и оти Ѓулен „ не треба и нема да биде екстрадиран“.

XS
SM
MD
LG