Линкови за пристапност

Турција со воена интервенција во Сирија


Турската армија соопшти дека нејзините сили во текот на ноќта уништиле сириски курдски цели во областа Африн, како одмазда за артилерискиот оган врз силите во северна Сирија, поддржани од Турција

Курдските народни единици за заштита или ЈПГ, се клучен дел од Сириските демократски сили поддржани од САД, а особено во тековната борба против милитантите на Исламската држава во градот Рака.

Но, Турција остро се спротивставува на курдските борци, гледајќи ги како продолжение на забранетата Курдистанска работничка партија, или ПКК, која спроведува бунт во југоисточна Турција од 80-те години, наваму.

Американската поддршката за ЈПГ вклучува испорака на оружје што Турција стравува дека ќе заврши во рацете на борците на ПКК.

Турската влада соопшти дека американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, дал уверување дека САД ќе го вратат тоа оружје по преземањето на контролата врз Рака, но Матис во вторникот посочи дека поддршката на САД за ЈПГ, ќе продолжи.

„Ние ќе сториме што можеме“, изјави Матис, додавајќи дека оружјето што се дава на ЈПГ ќе зависи од тоа што ќе биде следната мисија.

„Кога ним повеќе нема да им требаат одредени работи, ќе ги замениме со нешто што им треба“, рече првиот човек на Пентагон.

Матис утре треба да се состане со својот турски колега, за време на состанокот на НАТО во Брисел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG