Советот за безбедност на Обединетите нации денес се среќава да разговара за турската воена операција во Сирија.
Турција изјави дека се работи за одмерена и одговорна антитерористичка операција, додека курдските борци во регионот бараат помош поради можни жртви и последици.
Цивили во северниот дел на Сирија се забележани како се обидуваат да го напуштат регионот за да не бидат повредени при турската интервенција.
Турција го продолжи нападот врз курдските сили кои ги смета за терористи, за разлика од поголемиот дел од Западот, кој на нив гледа како на клучен партнер во борбата против Исламската држава.
Министерството за одбрана на Турција рече дека интервенцијата е во согласност со резолуциите на Советот за безбедност и меѓународното право, кои и` гарантираат на Турција право на самоодбрана.
Facebook Forum