Линкови за пристапност

Турција: Во нападот во Сирија е употребено хемиско оружје


Турските власти велат дека била спроведена обдукција врз загинати лица во нападот

Турција вели дека резултатите од обдукцијата врз тројца Сиријци покажуваат дека тие починале од изложеност на хемиски агенси.

Тројцата починати Сиријци биле испратени во Турција заедно со најмалку 30 други загинати лица по нападот врз бунтовниците во градот Кан Шеикун, во северната провинција Идлиб.

Според турските власти, обдукциите биле извршени од претставници од Светската здравствена организација.

Во нападот загинаа 100 лица, а повеќе од 350 други биле затруени, вклучувајќи ги деца, што предизвика глобална морална осуда против сирискиот претседател Башар ал-Асад и Русија, главниот сојузник на режимот на Асад.

На вчерашната прес-конференцијата во Белата куќа за време на посетата на јорданскиот крал Абдула, претседателот Доналд Трамп го опиша нападот како „навреда за човештвото кое не може да биде толерирана.“

„За мене помина многу граници. Кога убивате невини деца, невини бебиња, мали бебиња, тоа поминува многу линии, ја поминува црвена линија“, рече Трамп.

Кралот Абдула нападот го нарече „уште еден доказ за неуспехот на меѓународната дипломатија да најде решение за кризата.“

Велика Британија, Франција и САД остро ја осудија Русија за време на вчерашната итна седница на Обединетите нации. Русија категорично порекна каква било улога во инцидентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG