Линкови за пристапност

Хуманитарен самит во Турција


Се работи на протокол за справување со идните бегалски кризи

Лидерите на преку 125 држави од светот се состануваат во Истамбул, Турција, за самит на кој се очекува да се изработи протокол за справување со идни бегалски кризи.

Самитот, поддржан од ОН, ќе трае до среда.

Турција е особено силно погодена со сегашната криза и во моментов обезбедува засолниште за околу 2,7 милиони бегалци од Сирија.

Идејата за самитот се роди пред околу четири години кога Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, започна да се консултира со преку 23.000 лица од 150 земји околу изготвување на Агенда за хуманитарност, што е водечки документ на агендата на овогодишниот настан.

XS
SM
MD
LG