Линкови за пристапност

Турција сака да наметне нови мерки за контрола на социјалните медиуми


Турција е подготвена да воведе драстични мерки за контрола на платформите за социјални медиуми.

Предложената легислатива предизвика големи меѓународни критики затоа што социјалните медиуми остануваат едно од ретките места каде може да се изрази несогласување.

Преплавен од пораки на Твитер во кои се исмејуваат неговиот зет и ќерка, претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјави овој месец, дека „неморалните [социјални медиуми] платформи„ ќе бидат „целосно забранети или контролирани“.

Според новото законодавство што треба да помине подоцна оваа недела, „Фејсбук“, „Твитер“ и „Тик Ток“ ќе бидат принудени да отворат канцеларии во Турција со тоа што ќе треба да назначат претставници кои ќе подлежат на турските закони, вклучително и даночните регулативи.

„Тоа е зацврстување на сегашниот режим на контрола“, изјави професорот Јаман Акдениз, ко-основач на Асоцијатата за слобода на изразување, група за застапување во Истанбул.

До сега, гигантите на социјалните мрежи се спротивставија на барањата на Анкара да отворат канцеларии во Турција. Но, во иновативен пристап, предложената легислатива се заканува со прекинување на неутралноста на мрежата.

„Ова е добро осмислено законодавство од страна на владата“, рече Акдениз.

Претходните обиди на Ердоган да ги скроти социјалните медиуми не успеаја. И покрај забраната за над 400.000 веб-страници и гонењето на илјадници луѓе поради објави во социјалните мрежи, Интернетот останува моќно место за изразување на несогласувањата и за објавување на независни вести.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG