Линкови за пристапност

Турција тврди дека саудиските агенти користеле двојник


Ново видео од надзорните камери во Истанбул покажува саудиски агент во облеката на новинарот Кашоги како го напушта конзулатот

Видео, снимено од турските органи за обезбедување и прикажано во понеделникот на CNN, сугерира дека саудските агенти користеле двојник со цел прикривање на убиството на новинарот Џамал Кашоги кој последен пат е виден како влегува во конзулатот во Ријад на 2 октомври.

Видеото се појави, кога саудиските официјални претставници понудија ново објаснување за смртта на 59-годишниот саудиски новинар кој живеел во САД во егзил додека пишувал колумни за „Вашингтон пост“, во кои ги критикуваше саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман и вмешаноста на Ријад во конфликтот во Јемен.

Саудијците на почеток тврдеа дека Кашоги го напуштил конзулатот и тие не знаат каде се наоѓа. Подоцна, рекоа дека починал во физичка пресметка по расправија во конзулатот. Сега, Саудијците велат дека починал од давење додека бил спречуван да го напушти конзулатот и да повика помош.

Не е познато што станало со останките на Кашоги, иако турските официјални претставници велат дека тој бил мачен, обезглавен, а потоа распарчен. Официјален саудиски претставник за ABC News изјави дека телото на Кашоги било предадено на ,,локален соработник” во Истанбул за да го отстрани, но саудиските официјални претставници рекоа дека не знаат што се случило со останките.

Во Вашингтон, советникот во Белата куќа Џаред Кушнер, зетот на Претседателот Доналд Трамп, за CNN изјави дека САД се сè уште во фаза на „пронаоѓање на факти“ за да се расветли што точно се случило со Кашоги.

„Добиваме факти од повеќе места“, изјави Кушнер. Тој вели дека потоа Трамп и државниот секретар Мајк Помпео ќе одлучат како ќе реагираат кон Саудска Арабија, која е долгогодишен американски сојузник.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги открие деталите за случајот во вторник во говор во Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG