Турските инспектори ја привршуваат истрагата во саудискиот Конзулат во Истанбул, а потргата по исчезнатиот новинар Џемал Кашоги продолжува со пристигнувањето на државниот секретар Мајк Помпео во Саудиска Арабија, кој денес се среќава со кралот Салман.
Телевизиската мрежа Си-Ен-Ен и весникот Њујорк тајмс јавија дека Саудиска Арабија се подготвува да признае дека Кашоги бил убиен откако влегол во Конзулатот на втори октомври.
Според извештаите, кои се повикуваат на анонимни извори, саудиската Влада ќе се брани дека Кашоги бил убиен за време на испрашувањето.
Досега, официјалните лица на Саудиска Арабија ги негираат обвинувањата од страна на турските официјални лица дека Кашоги бил убиен, нагласувајќи дека тој го напуштил дипломатското претставништво. Ниту една од страните досега има доставено јасни докази да ги потврди тврдењата.
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека го испратил Помпео во Саудиска Арабија да дознае од прва рака што се случило.
„Тој можеби ќе оди во Турција, можеби не. Можеби ќе се сретнат сите заедно, но, сакаме да дознаеме што се случило. Тој има инструкции да го дознае тоа“, рече Трамп, додавајќи дека разговарал на телефон со кралот Салман кој, пак, ги негирал обвинувањата за вмешаност во овој случај.
Facebook Forum