Линкови за пристапност

САД најавија санкции против 17 осомничени за убиството на Кашоги


Mеѓу нив се и Сауд ал-Катани, поранешен советник на принцот Мохамед бин Салман, како и саудискиот генерален конзул Мохамед ал-Отаиби

САД најавија санкции против 17 Саудици за наводно учество во убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Меѓу нив се и Сауд ал-Катани, поранешен советник на принцот Мохамед бин Салман, како и саудискиот генерален конзул Мохамед ал-Отаиби.

„Овие лица кои го таргетираа и брутално го убија новинарот кој работеше во САД, мора да се соочат со последици за нивните акции“, изјави секретарот за финансии Стив Нучин.

Нучин рече дека Вашингтон прави напори да дознае што точно се случило, и оти ќе ги повика на одгворност сите што се виновни за смртта на новинарот.

Санкциите ќе се воведат согласно Законот за одговорност за прекршителите на човековите права, кој се однесува на сите оние што направиле сериозни повреди и злоупотреби на човековите права.

Ваквата најава дојде како изненадување, ако се земе предвид дека САД ретко воведуваат санкции кон Саудиска Арабија.

САД ги најавија санкциите часови откако Јавниот обвинител на Саудиска Арабија побара смртна казна за петмина осомничени за убиството на Кашоги.

Неговиот портпарол изјави дека на Кашоги му била дадена смртоносна инјекција, по што неговото тело било исечено на парчиња.

Саудиските официјални лица негираат каква била инволвираност на принцот во убиството на Кашоги.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG