Линкови за пристапност

Турција покрена обвиненија против 20 лица за убиството на Кашоги


Поранешниот заменик - директор на Саудиската разузнавачка служба и советник во кралскиот дворец, се обвинети за иницирање на убиството

Турција покрена обвиненија против 20 осомничени за поврзаност во убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги во 2018 година.

Обвинителството во Истанбул изјави дека против поранешниот заменик - директор на Саудиската разузнавачка служба, како и против советник во кралскиот дворец, се поднесени обвиненија за иницирање на убиството.

Останатите 18 осомничени, пак, се обвинети за осмислување на убиството.

Кашоги беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, додека саудиските официјални лица ги негираа обвинувањата дека принцот Мохамед бин Салман го нарачал убиството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG