Линкови за пристапност

Ердоган во посета на Москва пред можната турска воена интервенција во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре се среќава со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Посетата доаѓа во време кога турските сили се подготвуваат да отпочнат голема воена операција против курдската паравојска во Сирија.

„Ние нема да бараме совет како да се справиме со терористичка група чии активности се насочени против нашите граѓани повеќе од 30 години, или да бараме дозвола да се бориме против тероризмот“ напиша во колумна за рускиот дневен весник „Комерсант“ турскиот претседател Ердоган.

Анкара смета дека курдските борци во Сирија и нејзините политички партнери се терористичките организации поврзани со бунтот во Турција.

Анкара и Москва поддржуваат различни ривалските страни во сириската граѓанска војна. Разликите кулминираа во 2015-та година кога турски авиони срушија руски борбен авион. Оттогаш двајцата претседатели ја зајакнаа соработката во напорите за ставање крај на конфликтот.

Во 2018-та година Ердоган и Путин одржаа седум состаноци и 18 телефонски разговори посветени на билатералните односи и Сирија.

Конвој на турски воени сили кој се движи кон границата со Сирија
Конвој на турски воени сили кој се движи кон границата со Сирија

Путин даде зелено светло за две турски воени операции против курдските бунтовници, а како резултата на тоа на сириска територија беа распоредени турски сили.

Сепак, според наводите виша турска делегација при посетата на Москва во декември не успеала да добие поддршка за слична операција против курдските сили во североисточна Сирија.

Професорот по меѓународни односи на Техничкиот универзитет во Анкара, Мевлут Чавушоглу посочува дека Ердоган ќе се обиде да го смени ставот на Путин.

„Русија е клучен играч во Сирија“, вели тој. „Турција, заедно со Русија се обидува да обезбеди присуство во Сирија“ додавајќи дека: „Проблемот за Анкара е што Курдите исто така се поддржани од Русите. Русите на крајот ќе го стават залогот во Курдите и на Сиријците, а не на Турција, затоа што Турција со уривањето на рускиот воен авион веќе ги предаде Русите. Тие никога не простија заради ова.“

Влијанието на Москва врз Курдите во Сирија е засилено со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од Сирија и да ја повлече американската воена поддршка за курдските паравојски кои се борат против Исламската држава.

Вашингтон неколкупати ги повика сириските курдски сили да се спротивстават на постигнувањето на договор со Дамаск и Москва. Сепак, аналитичарите велат дека со повлекувањето на американските војници од Сирија и со подготовките на турските сили да спроведат операции на територија контролирана од курдските сили, тие немаат многу опции, освен да се свртат кон Дамаск.

Путин исто така е свесен дека одлуката на Трамп да се повлече од Сирија го негира неговиот клучен аргумент да ја оддалечи Турција од НАТО. Поддршката на Вашингтон на курдските паравојски кои Анкара ги смета за терористи им наштети на билатералните односи на Москва и Вашингтон.

Во неделата, Трамп и Ердоган зборуваа по вторпат по телефон. „Двајцата лидери се согласија да продолжат со преговорите за североисточна Сирија со кои ќе се постигне безбедност во регионот, што е во интерес на двете страни“ соопшти Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG