Владејачката партија на Турција слави победа по референдумот што му дава големи нови овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Опозицијата соопшти вели дека ќе поднесе приговор на гласањето од неделата, за кое вели дека било полно со неправилности.
Победата на Ердоган ќе му даде нова моќ, што би значело обезвреднување на парламентот, а министрите во кабинетот ќе бидат директно назначувани од претседателот и ќе одговараат само пред него.
Ердоган се обрати на подржувачите во неделата навечер, само неколку часа откако гласачките места беа затворени, велајќи „Турција сега е единствена“.
Гласачите беа прашани дали поддржуваат пакет-реформи од 18 членови предложен од владеачката Партија за правда и развој, што ќе го замени сегашниот систем на парламентарна демократија со силен претседателски систем. Идејата беше жестоко критикувана во странство.
Facebook Forum