Линкови за пристапност

Полицијата во Истанбул го спречи маршот за елиминирање на насилството врз жените


Турската полиција употреби сила за да го разбие маршот на илјадници жени, кои повикуваат да се стави „крај на неказнивоста“ за мажи виновни за насилство врз жени.

Полицијата ги спречи демонстрантите да маршираат во главната трговска област на Истанбул.

Некои од демонстрантите пријавиле дека полицијата против употребила солзавец и пластични куршуми. Нема извештаи за жртви или апсења.

„Кога вакви безбедносни мерки би се преземале кога жените одат во полиција и бараат заштита, тогаш би имало помалку фемицид. Така, ние зависиме од нашата солидарност“, велат организаторите на маршот, реагирајќи дека сопрузите и момчињата кои убиваат или злоупотребуваат жени се казнувани со релативно лесни казни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG