Линкови за пристапност

Во Киргистан се урна турски товарен авион


Загинаа 37 лица

Турски товарен авион се урна во близина на главниот аеродром во Киргистан, убивајќи најмалку 37 лица, вклучувајќи и деца.

Уривањето се случило заради „пилотска грешка“ кажа заменикот премиерот на Киргистан, Мухаметкали Абулгазијев на брифинг прикажан на националната телевизија.

Авионот Боинг 747 се урна врз домови во селото Дача суу, кое се наоѓа во близина на аеродромот Манас, на околу 25 километри северно од главниот град Бишкек.

Утрото на местото на настанот каде беа уништени 15 куќи пристигнаа спасувачки екипи, кажа Абулгазијев.

Според воздухопловните власти аеродромот Манас бил попатна станица на авионот кој бил на лет од Хонг Конг до Истанбул.

XS
SM
MD
LG