Линкови за пристапност

Вереницата на Кашоги на комеморација во Истанбул: Ми беше најдобар пријател и љубовта на мојот живот


На денешната церемонија присуствуваа меѓународни групи за човекови права, пријатели и колеги, меѓу кои извршниот директор на Амазон Џеф Безос

Истанбул денес одржа комеморација на неколку метри од Конзулатот на Саудиска Арабија, каде пред една година беше убиен новинарот Џамал Кашоги.

Бруталното убиство на Кашоги предизвика меѓународна осуда на Саудиска Арабија и повици за спроведување на правдата.

„Пред една година стоев овде. Бев заљубена девојка, која го чекаше нејзиниот маж да излезе од Конзулатот“, рече вереницата на Кашоги Хатиџе Ченгиз, во говор на церемонијата во Истанбул, доадавјаќи:

„Сите овие прекрасни луѓе овде го знаеја Џамал како новинар, активист, пријател, прекрасно човечко суштество. Тој ми беше најдобар пријател и љубовта на мојот живот. Се` уште го сакам“.

На денешната церемонија присуствуваа меѓународни групи за човекови права, пријатели и колеги, меѓу кои извршниот директор на Амазон и сопственикот на весникот Вашингтон пост Џеф Безос, кој ги објавуваше колумните на Кашоги.

„Хатиџе, никој никогаш не треба да помине низ она што ти го преживеа. Треба да знаеш дека те носиме во нашите срца и оти не си сама“, рече Безос.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG