Линкови за пристапност

Израел и Турција ги нормализираа односите


Постигнаа договор, со кој ставија крај на шестгодишниот меѓусебен судир

Израел и Турција постигнаа договор за нормализирање на релациите, ставајќи крај на шестгодишниот судир.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Рим рече дека поморската безбедносна блокада на појасот Газа ќе остане непромента, но хуманитарната помош ќе стигне во Газа преку израелските пристаништа.

Израелскиот лидер во неделата се сретна со американскиот државен секретар Џон Кери, пред објавување на договорот.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Анкара дека договорот во голема мера ја ослободува блокадата.

Односите меѓу двете држави беа прекинати во 2010 година, во текот израелското следење на турски брод со помош, наменет за Газа, која беше под блокада, поради тамошното раководство на милитантната група Хамас.

XS
SM
MD
LG