Грчкиот премиер Алексис Ципрас е во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Посетата е обид за подобрување на односите меѓу регионалните ривали.
Алексис Ципрас за Турската новинска агенција изјави дека мора да се создадат услови за историски исчекори во грчко - турските односи.
Територијалните и историските спорови имаа негативно влијание на врските меѓу овие две членки на НАТО, кои неколкупати се најдоа на работ на започнување војна.
Facebook Forum