Линкови за пристапност

Ердоган во Грција бара ревизија на Договорот за границите со соседите


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека има потреба од обнова на договорот од 1923-та, со кој, меѓу другото, беа воспоставени границите на Турција со соседите.

Ердоган, кој се наоѓа во дводневна посета на Грција, ова го изјави по средбата со својот грчки колега Прокопис Павлопулус.

Павлопулус го отфрли предлогот на Ердоган, велејќи дека на Договорот од Лозана не му е потребна ниту ревизија, ниту обнова.

Турскиот лидер го покрена прашањето на етничките Турци коишто живеат во Грција, со акцент на малцинското муслиманско население во грчката провинција Тракија, прашувајќи дали овие жители имаат можност за слободно верско изразување.

Ердоган ќе ја посети Тракија утре. Тој ќе биде првиот турски претседател во официјална посета на Грција, изминативе неколку децении.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG