Линкови за пристапност

Германија: Убиството на Ерменци од отоманските Турци е геноцид


Турција предупреди дека одлуката ќе наштети на односите меѓу двете земји

Германските законодавци убиствата на Ерменците од отоманските Турци за време на Првата светска војна, ги прогласија за геноцид.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека ако се усвои, мерката ќе им наштети на дипломатските, економски, комерцијални, политички и воени односи меѓу Турција и Германија.

Ерменија вели дека меѓу 1915-та и 1917-та година биле убиени 1,5 милиони лица. Турција признава дека животот го загубиле стотици илјади Ерменци, но порекнува дека убиствата се дел од кампања на геноцид.

Германија се придружува на околу 20 други земји коишто убиствата ги ставаат во категоријата на геноцид.

XS
SM
MD
LG