Линкови за пристапност

Погреби во Турција за активистите убиени во израелскиот напад


Израел вели дека командосите отвориле оган откако биле нападнати

Стотици ужалени се собраа во Турција на погребот за активистите убиени за време на израелската акција врз хуманитарната флотила упатена за Газа.

Осумина турски државјани и еден американски државјанин од турско потекло починале од прострелни рани откако израелските сили упаднале на конвојот предводен од турски брод.

Претходно, стотици про-палестински активисти приведени за време на израелската операција врз хуманитарната флотила во регионот на Газа, во Турција беа дочекани како херои.

Турскиот вице-премиер Булент Аринк и неколку други законодавци и` се придружија на групата поддржувачи за да им посакаат добредојде на депортираните активисти кои пристигнаа во Истамбул во четврток.

Израелските сили усмртија најмалку деветмина активисти во понеделникот за време на нападот врз хуманитарна флотила предводена од турски брод.

Израел вели дека командосите отвориле оган откако биле нападнати. Премиерот Бенџамин Нетанијаху критиката за смртоносниот напад ја нарече „хипокризија“ и ги обвини активистите дека биле „екстремисти“ кои поддржуваат терористи и омраза.

Активистите кои пристигнаа во Турција, признаа дека се судриле со Израелците, но инсистираа дека токму тие реагирале во самоодбрана.

Меѓународниот конвој се обидел да пренесе 10.000 тони во намирници до Појасот Газа, како противење на три-годишната блокада на регионот.

XS
SM
MD
LG