Линкови за пристапност

Турција сепак ќе ги добие авионите Ф-35


И покрај противењето на Конгресот и Претставничкиот дом

И покрај противењето на американскиот Конгрес, Турција неделава ќе го добие првиот борбен авион од типот Ф-35, изјавија за Гласот на Америка официјални претставници од Пентагон и од авионската индустрија.

Утре во Форт Ворт, Тексас каде се произведуваат авионите од страна на Локид Мартин, ќе се одржи церемонија за новите авиони наменети за Турција, соопшти портпаролот на компанијата.

Верзиите на Претставничкиот дом и на Сенатот во Националниот закон за авторизација во одбраната, имаат предвидено ограничувања за учеството на Турција во програмата Ф-35.

Американските законодавци се загрижени поради апсењето на американски свештеник во Турција и плановите на Анкара за купување на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400, за кој сметаат дека ќе ја деградира општата безбедност на НАТО и дека системот е некомпатибилен со оние што ги користат останатите членки на Алијансата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG