Линкови за пристапност

Уапсени 13 лица за наводна поврзаност со нападите во Истанбул


TURKEY BOMB ATTACK AFTERMATH
TURKEY BOMB ATTACK AFTERMATH

Апсењата се случија откако беше извршена рација на 16 локации во Истанбул.  Најмалку тројца од уапсените се странски државјани

Уапсени 13 лица, осомничени за поврзаност со трократните самоубиствени бомбашки напади на аеродромот Ататурк во Истанбул, при што загинаа 42, а повредени се 239 лица, соопштија турските медиуми.

Апсењата се случија откако беше извршена рација на 16 локации во Истанбул. Најмалку тројца од уапсените се странски државјани.

Според државната агенција Анадолу, властите уапсиле 9 лица во крајбрежниот град Измир, под обвинение за поврзаност со борците на Исламската држава во Сирија, обезбедувајќи финансиска и логистичка поддршка, како и помош во регрутирање.

Турските власти за нападите на аеродромот ја обвинија Исламската држава, иако милитантите не презеле никаква одговорност.

Турскиот премиер Бинали Јилдрим изјави дека истрагата е во тек, но, како што кажа, според доказите зад инцидентот стои Исламската држава. Тој додаде дека нападот можно е да е резултат на турските напори за подобрување на односите со Русија и Израел.

Директорот на ЦИА, Џон Бренан кажа дека нападите ги имаат сите типични знаци на „злобата“ на Исламската држава, предупредувајќи на предизвиците за спречување на таквиот вид напади.

Претседателот Барак Обама за време на посетата на Канада изјави дека неговата влада, „нема да мирува, се` додека овие мрежи на омраза не бидат расформирани, а кои влијаат на целиот цивилизиран свет“.

XS
SM
MD
LG