Линкови за пристапност

Аеродромот Ататурк целосно отворен за сообраќај


Премиерот Бинали Јилдрим соопшти дека првичните докази укажуваат дека зад самоубиствените напади во кои загина 41 лице, а преку 200 се повредени, стои Исламската држава

Истанбул целосно го отвори аеродромот Ататурк за сообраќај по самоубиствените напади во кои загина 41 лице, а повредени се преку 200, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдрим.

Компанијата „Туркиш ерлајнс“ исто така продолжи со сите операции и летови меѓу САД и Истанбул.

Најмалку 10-мина од загинатите се странски државјани, 109 од 239-те повредени биле пуштени на домашно лекување, соопшти гувернерот на Истанбул.

Тројцата бомбаши-самоубијци наводно застрелале неколку луѓе пред да го активираат експлозивот на терминалот за меѓународни летови.

Никој официјално не ја презел одговорноста за нападот, но како што кажа премиерот Јилдрим, првичните докази сугерираат дека се работи за екстремисти на Исламската држава. Нарекувајќи го нападот „кукавички“, тој вети дека неговата земја ќе продолжи со својата борба против екстремизмот. Јилдрим додаде дека „единството ќе биде најдобриот одговор за терористите“.

XS
SM
MD
LG