Линкови за пристапност

Ердоган положи заклетва за новиот мандат, со нови овластувања


Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган, денеска положи свечена заклетва за нов мандат и нови овластувања.

Извршното претседателство критичарите го нарекоа „режим, со еден човек на власт“.

Според турските медиуми, Ердоган освоил околу 53 отсто од гласовите на изборите минатиот месец, додека кандидатот од главната опозициска Републиканска народна партија, 31 отсто.

Референдумот во Турција во 2017-таа година, внесе промени во политичкиот систем на земјата, укинувајќи ја премиерската функција и овластувајќи го претседателот да го распушти парламентот и да назначува министри и судии.

Претседателските избори, првично беа закажани за 2019-та година, но откако претходно годинава турската валута претрпе големи загуби во однос на доларот, владата објави предвремени избори, со што кандидатите имаа само неколку месеци за подготовка.

Изборниот процес наиде на осудени од страна на ОБСЕ, кој утврди дека додека гласачите имале вистински избор, условите за кампања не биле еднакви. Притоа, Ердоган уживал предност, вклучително и прекумерни реклами на државни и приватни медиуми.

Ердоган владее со Турција како премиер или претседател од 2003-та година, наваму.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG