Линкови за пристапност

Ердоган се соочува со силна опозиција пред изборите во Турција


Првпат тој пред себе има четворица силни кандидати, кои го претставуваат целиот политички спектрум на државата

Пред генералните и претседателски избори закажани за 24-ти јуни, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, очекува дека неговата владејачка партија може да го загуби парламентарното мнозинство.

Минатата недела, тој мобилизираше повеќе од милион поддржувачи за време на централниот митинг во Истанбул, што претставува реткост за неговата кампања.

Присуството на неговите состаноци е многу помало во споредба со претходните кампањи.

Според одредени извештаи, неколку состаноци на Ердоган биле одложени, поради слабото присуство, иако ова тврдење беше отфрлено од неговата партија.

„Претставувањето на владејачката партија беше послабо од она што сме го виделе претходно, што можеби е резултат на презаситеност од избори“, вели Синан Јулџен од истражувачката група Едам, со седиште во Истанбул.

Тој додаде дека ваквата ситуација можеби е резултат на „централизација на моќта во партијата, така што се` се очекува од врвот“.

Месеци пред да бидат објавени изборите, Ердоган иницираше големи промени во неговата партија, отстранувајќи стотици официјални лица

„Новата организација е избрана заради лојалноста кон Ердоган. Соработката со останатите членови допрва треба да биде воспоставена“, велат аналитичарите.

Отстранувањето на бројни популарни официјални лица се случи главно во централна Турција, односно во Анатолија.

Во овој регион има многу лојални симпатизери, кои го поддржа Ердоган на ланскиот референдум за зголемување на неговата моќ, и кој се очекува да биде значаен за неговата евентуална победа.

Од друга страна, опозицијата привлекува голем број луѓе за време на кампањите во централна Турција, што претставува изненадување за Ердоган.

„Опозицијата е неочекувано многу успешна и паметна во спроведување на кампањата. Таа, исто така, е многу разнолика, што ја отежнува ситуацијата на турскиот лидер“, сметаат експертите и нагласуваат дека првпат Ердоган ќе се соочи со четворица силни кандидати, кои го претставуваат целиот политички спектрум на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG