Линкови за пристапност

Опозиционерот Екрем Имамоглу нов градоначалник на Истанбул


Контроверзното прегласување зададе нов пораз на владејачката партија на претседателот Ердоган

Турската опозиција извојува голема победа во контроверзното прегласување на изборите за градоначалник на Истанбул. Нивната победа е голем пораз за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија партија го загуби Истанбул, по 25 години на власт.

Кандидатот на Ердоган Бинали Јилдрим му ја честише победата на Екрем Имамоглу.

И Ердоган му ја честиташе победата на Имамоглу преку Твитер – “националната волја уште еднаш беше манифестирана“, напиша претседателот.

Првичните резултати покажаа дека Имамоглу во прегласувањето ја зголемил предноста од 700.000 гласачи, со освоени 54% од севкупните број на избирачи, што е значителен пораст од 13.000 гласачи предност од изборите во март.

Имамоглу нагласи од неговото партиско седиште дека ова е победа за јакнење на демократијата.

“Ова е нов почеток. Период на љубов, толеранција и почитување“, нагласи новиот градоначалник.

По веста за неговата победа, стотици луѓе излегоа по улиците на Истанбул да ја прослават победата на Имамоглу.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG