Линкови за пристапност

Две девојчиња извадени живи од под урнатините во Измир


Најмалку 89 луѓе загинаа, а речиси 1.000 се повредени при земјотресот кој го погоди турскиот град Измир, и најмалку два грчки острова

Спасувачките тимови во Турција денес извадија две девојчиња од по урнатините, три дена откако силен земјотрес во Егејското Море ги стресе Турција и Грција.

Четиринаесетгодишната Идил Сирин била заглавена под урнатините 58 часа. Седум часа подоцна била извадена и 3-годишната Елиф Перинчек, чија мајка и две сестри биле спасени два дена претходно.

Досега има 106 лица извадени живи од под урнатите згради, според државната информативна агенција „Анадолу“.

Најмалку 89 луѓе загинаа, а речиси 1.000 се повредени при земјотресот кој го погоди турскиот град Измир, и најмалку два грчки острова, каде двајца ученици го загубија животот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG