Пред да ја спроведе рацијата во преку 100 локации, турската полиција издаде речиси 200 налози за апсење, трагајќи по лица наводно поврзани со свештеникот Фетула Ѓулен кој живее во САД, а кого турската влада го обвинува дека стои зад минатомесечниот обид за воен удар во земјата.
Турската финансиска полиција бара поврзаност меѓу бизниси и симпатизери кои го финансираат верското движење на Ѓулен.
Рациите уследија еден ден откако Турција соопшти дека ќе ослободи 38.000 затвореници кои имаат помалку од две години од нивната казна.
Целта е да се направи простор во затворите за илјадниците лица кои неодамна беа уапсени за наводно учество во неуспешниот обид за воен удар.
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг предупреди дека се работи за условно пуштање на слобода на затворениците, а не за нивно помилување.
Премиерот Бинали Јилдрим изјави дека затворени се преку 4.200 бизниси и организации поврзани со Ѓулен.
Се` на се`, за испрашување, приведени се преку 35.000 лица вклучувајќи судии, академици и новинари, а преку 17.000 од нив се официјално уапсени.
Во обидот за воен удар во Турција на 15-ти јули, загинаа најмалку 270 лица.