Линкови за пристапност

Ердоган побара тримесечна вонредна состојба


Турските законадавци се очекува да го одобрат неговото барање, со цел да се расчисти состојбата во државата, по неуспешниот државен удар во петокот

Турските законодавци се очекува да го одобрат барањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган за прогласување тримесечна вонредна состојба, во обид да се отвори пат за натамошно расчистување на состојбата во општеството, по неуспешниот обид за државен удар во петокот.

Ердоган, доцна во средата, по одржаните маратонски состаноци со Советот за национална безбедност и со неговиот кабинет, најави дека вонредната состојба би траела три месеци.

Тој рече дека целта на вонредната состојба е „ да биде во можност да преземе најефективни мерки за да ги врати демократијата и владеењето на правото“.

Тој нагласи дека вооружените сили нема да преземат контрола врз државата во текот на овој период.

Доцна во средата, стотици поддржувачи на Ердоган го наполнија плоштадот Таксим во Истанбул, како и други јавни локации низ Турција, со цел да му дадат поддршка на турскиот лидер, и да се избегне, како што велат турските лидери, втор обид за државен удар.

XS
SM
MD
LG