Линкови за пристапност

Турција се повлекува од тврдењето дека дете го извршило самоубиствениот напад


Во нападот на курдска свадба беа убиени 54 лица.

Турција го повлече тврдењето дека дете - бомбаш самоубиец од Исламската држава го извршило нападот во саботата на курдска свадба, убивајќи 54 луѓе.

Информациите дека дете го извршило нападот се само шпекулации, изјави премиерот Бинали Јилдирим во понеделникот.

„Се уште не знаеме кој стои зад нападот, дали е тоа дете, возрасно лице или организација“, вели турскиот премиер.

Турскиот претесдател Ердоган, пак, изјави дека самоубиствениот напад го извршило дете на возраст помеѓу 12 и 14 години, а зад него стои радикалната организација Исламска држава.

До сега никој не презеде одговорност за нападот, иако начинот на кој е извршен и типот на употребената бомба сугерира дека може да е дело на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG