Линкови за пристапност

Жртви и повредени во самоубиствени напади на аеродром во Истанбул


Во моментов никој не ја презел одговорноста за инцидентот, но курдските бунтовници изминативе месеци беа поврзани со серија слични напади

Турските власти соопштија дека нападот на аеродромот Кемал Ататурк го извршиле двајца бомбаши-самоубијци. Според турскиот министер за правда, притоа загинале 10 лица, а 40-тина се повредени.

На местото на настанот има огромно полициско присуство и спасувачки екипи.

Истамбул годинава беше цел на неколку терористички напади, вклучувајќи го и оној од 7-ми јуни, кога од експлозија на автомобил-бомба загинаа 11 лица.

Во моментов никој не ја презел одговорноста за инцидентот, но курдските бунтовници кои се борат за автономија на југоисточниот дел на Турција изминативе месеци беа поврзани со серија слични напади.

XS
SM
MD
LG