Линкови за пристапност

Исламската држава презеде одговорност за нападот во Истанбул


Милитантната група изјави дека „војник на калифатот“ го извршил пукањето, при што загинаа 39 лица, а 70 беа повредени

Исламската држава презеде одговорност за нападот во ноќниот клуб во Истанбул, Турција на новогодишната ноќ, при што беа убиени 39 луѓе, а 70 се повредени. Властите се во потрага по напаѓачот.

Милитантната група изјави дека „војник на калифатот“ го извршил пукањето.

Турските медиуми објавија дека девет луѓе биле притворени за настанот, но оти напаѓачот не бил меѓу нив.

Нападот се случил рано во неделата, кога вооружено лице убил полицаец и цивилно лице пред да влезе во клубот. Во клубот имало околу 600 луѓе во тоа време, од кои некои скокнале во Босфор со цел да се спасат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пукањето го нарече „брутален напад“.

„Турција ќе остане сплотена и нема да попушти пред нечистите игри на терористите“, рече тој.

Лидерите од цел свет го осудија нападот.

Во изјава од Стејт департментот, заменик-портпаролот Марк Тонер рече:

„Овие напади само ја зацврстуваат нашата посветеност да работиме со владата на Турција, во борбата против тероризмот“, рече Тонер.

XS
SM
MD
LG