Линкови за пристапност

Напад во Истанбул


Турските власти веруваат дека сириски бомбаш самоубиец е одговорен за нападот во во којшто загинаа најмалку 10, а повредени се 15 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се верува оти сириски бомбаш самоубиец е одговорен за нападот во Истанбул во којшто загинаа најмалку 10, а повредени се 15 лица. Во телевизиско обраќање до нацијата, Ердоган го осуди нападот и кажа дека меѓу жртвите има и Турци и странци.

Експлозијата се случила во познатиот туристички кварт Султанахмед. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу по нападот свика вонредна владина седница.

Турција е мета на напади уште од октомври, по двојните самоубиствени напади во кои загинаа преку 100 лица – учесници во мирни протести во близина на железничка станица во Анкара. Владата потоа ја откажа градската новогодишна прослава во главниот град, откако беа уапсени двајца осомничени припадници на Исламската држава, за кои се верува дека ги планирале нападите.

Турски бомбардери учествуваат во воздухопловната кампања под водство на САД чија цел се милитантите на Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG