Високиот комесар на OН за човекови права Раад Зеид ал-Хусеин, изрази загриженост заради масовните апсења и обновување на вонредната состојба во Турција. Тој за новинарите во Женева изјави дека „теророт не треба да се решава на сметка на човековите права“.
Во однос на притворањето на вработени во медиумите, Зеид рече дека „новинарството не е кривично дело во Турција, тоа е прашање на кое владата мора да обрне големо внимание“.
Во меѓувреме, турската полиција употреби солзавец за да ја растера групата демонстранти кои по повод 1-ви мај се собраа на плоштадот Таксим во Истанбул. Притоа се уапсени десетици лица.
Facebook Forum