Линкови за пристапност

Нови апсења за нападот во Истанбул


Турските власти притвориле повеќе лица поврзани со нападот во ноќниот клуб, во кој беа убиени 39 лица

Според државната новинска агенција Анадолија, последните апсења се случиле во предградијата на Истанбул. Полицијата вели дека притвориле неколку лица од кинеската ујгурска муслиманска заедница.

По нападите во неделата биле притворени околу 40 лица. Напаѓачот се` уште е во бегство.

Властите соопштија дека го знаат неговиот идентитет, но не го објавија во јавноста. Постојат фотографии кои биле на располагање од безбедносните камери, а турските медиуми објавија видео за кое велат дека е од осомничениот напаѓач кој се движи на плоштадот Таксим во Истанбул.

Нападот започнал со убиство на цивил и полицаец пред ноќниот клуб, а подоцна напаѓачот влегол внатре. Во објектот се наоѓале 600 лица, повеќето странци. Во инцидентот беа убиени 39 лица, а 70 беа повредени.

Одговорноста ја презеде организацијата Исламска држава, велејќи дека нападот бил изведен во знак на одмазда на турската вмешаност во борбите со милитантите во Сирија.

XS
SM
MD
LG