Линкови за пристапност

Анкара со обновен фокус на Балканот


Турција главно ја користи својата силна економија спрема балканските соседи да проектира сила и влијание, но ја употребува и религијата и дипломатијата, велат аналитичарите

Турција го проширува своето економско и културно влијание врз Балканот, а аналитичарите велат дека стратегијата, која цели на големите муслимански малцинства во регионот, загрижува некои од нејзините западни сојузници.

Балканскиот регион беше центар на Турската отоманска империја. Тоа историско наследство ја направи областа приоритет за турската владејачка АКП под лидерство на неодамна реизбраниот претседател Реџеп Таип Ердоган. Растечкото влијание на Турција беше видливо изминатиов месец за време на церемонијата за инаугурацијата на Ердоган. Додека западноевропските лидери останаа подалеку, присуствуваа пет шефови на држави од Балканот.

„Балканот како регион беше под отоманско владеење и влијание. Јас го гледам тоа како ренесанса на исламскиот идентитет за турското влијание во регионот“, рече професорот по меѓународни односи Хусеин Багчи, експерт за Балканот на Техничкиот универзитет во Анкара, Блискиот Исток.

„Турција таму користи „паметна“ моќ, на културно, економски и јазично поле“, додава тој.

Некои европски лидери веќе изразија загриженост. „Не сакам Балкан што се врти кон Турција или Русија“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Ердоган на тоа веднаш возвратил, велејќи дека коментарот е „недоличен за државник“.

Споредено со турската, економиите на нејзините балкански соседи се минијатурни, и Анкара тоа го става во преден план проектирајќи влијание. „Турција гради аеродроми, па дури и инвестира во неколку сектори, како во Бугарија и Романија, од текстил и многу други“, рече балканскиот експерт Багчи.

„Постои агресивна економска политика кон балканските земји, кои не можат да се натпреваруваат со Турција“, продолжи Багчи. „На Балканот имаме две големи земји кои имаат влијание. Една од нив е Германија, а другата е Турција.“

Тргувањето ѝ помогна на Анкара да ги надмине минатите непријателства. „Овие земји не влегуваат автоматски во ЕУ, и многу од нив ја бараат Турција за трговски партнер“, рече колумнистот Семих Идиз од веб-страницата на Ал монитор.

„За време на последната балканска војна, Турција и Србија беа непријатели. Денес, гледаме дека се блиски, и покрај разликите околу Косово, Босна и слично. Србија го цени пријателството со Турција и мислам дека тоа се однесува до одреден степен и за Хрватска“, додаде Идиз.

Србија е сега главниот турски балкански трговски партнер вреден милијарда долари.

Големото етнички турско население на Балканот преку промовирање на религијата и културата, беше една од техниките на Анкара.

„Тие ја користат религијата, ја користат дипломатијата. Институциите како Тика и Дијанет се многу ефикасни во регионот“, рече Гозајдин.

Тика е агенција за развој на Турција, додека Дијанет управува со исламските работи на Турција на национално и на меѓународно ниво. Двете институции се на чело на проширувањето на турското влијание на Балканот.

„Тие работат со властите во тие земји, се обидуваат да влијаат врз тамошната политика“, вели Гозајдин. „Во Босна, тие се обидуваат, на пример, да бидат влијателни при назначувањето на верските власти за да можат да работат заедно“.

Турција финансираше проекти за изградба на џамии низ целиот Балкан, вклучително и две од најголемите џамии во регионот во Албанија и во Бугарија. Турските културни фондации исто така работат на промовирање на етничкиот турски идентитет.

Иако Анкара успеа да го проектира своето влијание на Балканот, сепак има знаци на вознемиреност, предупредува Гозајдин.

Минатата година, САД изразија загриженост во врска со политиката на Анкара. „За Балканот сега постои сериозна загриженост“, рече тогашниот советник за национална безбедност, генералот Мекмастер.

Анкара ги отфрли таквите критики, истакнувајќи дека само повторно се воспоставуваат културните врски кои датираат векови наназад и рече дека Русија и другите европски земји се борат за влијание на Балканот. Во мај, европските официјални претставници разговораа со лидерите од Западен Балкан во Бугарија за да ја потврдат „европската перспектива“ на тој регион.

Сепак, со оглед на поновата историја на Балканот со етнички и религиозен конфликт, аналитичарите предупредуваат на ризик од националистички реакции.

„Турските малцинства или муслиманските малцинства, секогаш се сметаат за потенцијална закана од страна на мнозинството од балканските држави“, рече Багчи. „Колку повеќе муслиманскиот идентитет станува посилен, толку популистичките движења на Балканот, но и во Германија и во други земји, ќе се зголемат и ќе се засилат. Ова е потенцијален конфликт“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG