Линкови за пристапност

Турција на самитот на НАТО ќе изрази загриженост за системот за противракетна одбрана


Турција на самитот на НАТО ќе изрази загриженост за системот за противракетна одбрана
Турција на самитот на НАТО ќе изрази загриженост за системот за противракетна одбрана

Турските дипломати веруваат дека Анкара би го намалила своето регионално влијание, доколку поддржи документ во кој се критикува Иран.

Неделава турскиот претседател Абдула Ѓул предупреди дека Турција и натаму е во расчекор со своите НАТО партнери околу предложената програма за противракетна одбрана.

„Секако дека има точки што сакаме да бидат усвоени“, вели турскиот лидер, додавајќи дека испратил писма до претседателите на земјите-членки на НАТО и до Генералниот секретар, јасно изложувајќи го ставот на Турција по прашањето.

Турција воедно изрази загриженост за тоа што НАТО го издвои Иран како закана за Алијансата. Турските дипломати веруваат дека Анкара би го намалила своето регионално влијание, доколку поддржи документ во кој се критикува Иран.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен веднаш потоа изјави дека нема потреба Алијансата да го издвои Иран како закана. Тој подвлече дека фокусирајќи се на Иран, сојузниците би ја ставиле Турција во првите борбени редови во нова Студена војна.

Турската влада со исламски корени изминативе неколку години мошне брзо оформи цврсти политички и економски врски со Техеран.

Кога минатиот јули Турција во Советот за безбедност на ОН гласаше против новата рунда санкции заради наводната иранска програма за нуклеарно оружје, покрена повеќе прашања кај западните сојузници, особено во Вашингтон. Во САД веќе постои загриженост заради колапсот на односите меѓу Турција и Израел.

За Турција се смета дека има клучна улога во системот за противракетна одбрана. Порано месецов претседавачот на Сенатската комисија за надворешни односи, Џон Кери ја посети Анкара изложувајќи го ставот на Вашингтон околу системот за противракетна одбрана и барајќи турска соработка. Иако разговорите ги оквалификува како позитивни, призна дека е постигнат мал напредок.

Аналитичарите велат дека на крајот на самитот на НАТО ќе има во прнцип поддршка за програмата, но прашањето за учеството на Турција во неа најверојатно ќе биде одложено.

XS
SM
MD
LG