Линкови за пристапност

Владата на Турција ја обвинува милитантната група Исламска држава


Белата куќа го осуди нападот во Турција во кој загинаа најмалку 51 лице

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека пограничниот регион со Сирија мора да биде „целосно исчистен“ од милитантната група Исламска држава.

Неговата изјава дојде по самоубиствениот бомбашки напад во саботата, на свадба во Турција, при кој беа убиени најмалку 51 лице.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече:

„Нашата држава и нашата нација уште еднаш ја повторуваат истата порака на оние што не` нападнаа - нема да успеете“, изјави Ердоган.

Белата куќа го осуди нападот во Турција, велејќи дека „извршителите на овој акт, варварски и кукавички таргетирале свадба“.

Во изјавата се вели дека потпретседателот Џо Бајден во среда ќе ја посети Анкара, да ги повтори заложбите за заедничка работа со Турција, во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG