Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека воени и официјални лица од Министерството за надворешни работи ќе отпатуваат за Русија да разговараат за потенцијални решенија за конфликтот во Сирија.
Најавата уследи ден по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека би работел на целосно обновување на релациите со Турција, но, предупреди дека ќе треба време за повторно да се изградат трговските врски.
Турскиот претседател Таип Ердоган рече дека двете држави ќе ја постигнат годишната цел од 100 милијарди долари и ќе го забрзаат повторното воспоставување на чартер - летовите.
Ердоган исто така додаде дека е подготвен да изгради природен гасовод со Русија, како и да преговара за договор за изградба на првата турска нуклеарна електрана.