Линкови за пристапност

Турција уапси десетици по нападот во Анкара


Мета на рациите беа осомничени членови на Курдистанската работничка партија
Мета на рациите беа осомничени членови на Курдистанската работничка партија

Турција во вторникот соопшти дека уапсила најмалку 67 лица осомничени дека имаат врски со курдска милитантна група.

Министерот за внатрешни работи Јерликаја рече дека властите извршиле рации во 16 провинции.

Акцијата насочена кон наводните членови на Курдистанската работничка партија или ПКК, дојде неколку дена откако групата ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара во кој беа повредени двајца полицајци.

Турција започна воздушни напади неколку часа подоцна против локациите на ПКК во северен Ирак, каде што се наоѓа групата.

ПКК, која е означена како терористичка организација од Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, води повеќедецениски бунт во Турција.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG