Линкови за пристапност

Голема количина дрога откриена во шверцерски подземен премин меѓу САД и Мексико


Американските федерални агенти заплениле голема количина наркотични дроги од долг тунел што го користеле шверцерите за нелегално преминување на границата меѓу САД и Мексико.

Меѓу наркотиците во тунелот се наоѓале речиси 600 килограми кокаин, 1.360 килограми марихуана и помали количини метамфетамин, хероин и фентанил.


Тунелот долг 600 метри, кој се движел под повеќе магацини од северниот мексикански пограничен град Тихуана до Сан Диего, Калифорнија, беше откриен на 19 март од страна на работна група за тунели во Сан Диего, специјална единица составена од агенти од повеќе агенции.

Меѓу наркотиците што останале во тунелот се наоѓале речиси 600 килограми кокаин, 1.360 килограми марихуана и помали количини метамфетамин, хероин и фентанил.

Влезот на тунелот се наоѓал во близина на новоизградениот дел од граничниот ѕид што го посети претседателот Доналд Трамп уште во септември и кој стана белег на неговата тврда политика за спречување на недокументирани имигранти да влегуваат во САД.

Критичарите велат дека граничниот ѕид нема да има никаков ефект врз детално изградените тунели што обично ги користат шверцерите за да шверцуваат дрога во САД.

Немаше апсења во врска со случај откриен минатиот месец.

Беше откриен 1.300 метри долг тунел опремен со широк систем на железнички коли, електрична енергија и вентилација, во истата област уште во јануари, за што федералните агенти велат дека е најдолгиот подземен тунел откриен досега по должината на американско-мексиканската граница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG