Линкови за пристапност

Терористички напад во хотел во Тунис


Хотелот Мархаба, каде биле убиени 27 лица, е популарна туристичка дестинација.

Според туниските власти, 27 лица, вклучувајќи и странци, биле убиени во терористички напад во близина на хотел долж медитеранското крајбрежје.

Претставници на Министерството за внатрешни работи изјавија дека вооружени лица отвориле оган на плажата во близина на хотелот Мархаба во градот Сус, популарна дестинација за туристи од Европа и други земји од Северна Африка.

Безбедносните сили одговориле на нападот, и притоа бил убиен најмалку еден од напаѓачите. Друг напаѓач успеал да избега.

Тунис се наоѓаше на високо ниво на готовност уште од март, кога исламски милитанти го нападнаа музејот Бардо во Тунис, убивајќи група странски туристи.

XS
SM
MD
LG