Линкови за пристапност

Клинтон пристигна на почетната точка на протестите што се проширија низ регионот


Клинтон пристигна на почетната точка на протестите што се проширија низ регионот
Клинтон пристигна на почетната точка на протестите што се проширија низ регионот

Американската државна секретарка Хилари Клинтон допатува во Тунис, на почетната точка на масовните протести што годинава се проширија на Блискиот исток и Северна Африка.

Клинтон е највисок американски официјален претставник кој го посети Тунис откако демонстрантите го симнаа претседателот Заин ел-Абидин Бен Али од власта пред два месеци.

Десетици Тунижани излегоа на улиците во средата да протестираат против посетата на Клинтон. Демонстрантите кажаа дека се против странско мешање во нивната земја.

Клинтон пристигна во Тунис од Египет, каде имаше средби со официјалини лица од транзициското владејачко тело. Таа го посети плоштадот Тахрир во Каиро, кој беше средиште на продемократското востание што водеше до оставка на египетскиот претседател Хосни Мубарак.

Клинтон рече дека посетата на „плоштадот е голем потсетник за силата на човечкиот дух и желбата за слобода, човекови права и демократија“.

XS
SM
MD
LG