Линкови за пристапност

Витаминот „Ц“ помага во третманот на туберкулоза


Нова студија спроведена врз глувци, покажа дека лековите против туберкулоза се поефикасни, ако се даваат заедно со витамин „Ц“.

Авторите велат дека ако наодите се потврдат и во тестовите спроведени кај луѓето, би можело да се понуди поевтин, побезбеден и пократок начин за третман на болеста. Откритието може да значи решение и за проблемот со развојот на туберкулоза отпорна на лекови.

Туберкулозата е една од водечките причини за смртност во светот. Според Светската здравствена организација, минатата година 1,7 милиони луѓе починале од оваа болест. Од околу 10 милиони нови инфекции, околу 600.000 биле отпорни на лековите за третман на ова заболување.

Лековите ги напаѓаат туберкулозните клетки, како што тие се размножуваат, но мал дел од бактериите преживуваат. Ако терапијата престане, овие бактерии започнуваат да се размножуваат и пациентот повторно се разболува, често со вид на туберкулоза која е отпорна на лекови.

Тековниот третман на туберкулозата трае шест месеци, во голема мера за да се надмине враќањето на болеста.

Микробиологот Вилијам Џејкобс од Колеџот за медицина Алберт Ајнштајн и неговиот тим, случајно откриле дека антиоксидансите како витаминот „Ц“ спречуваат бактеријата на туберкулозата да стане отпорна.

Во студијата објавена во списанието Антимикробни агенси и хемотерапија, Џејкобс и неговите колеги откриле дека по неколку недели глувците заболени од туберкулоза третирани со два стандардни лекови, како и висока доза на витамин „Ц“, имале околу 10 пати помалку бактерии во нивните тела отколку глувците третирани само со лекови.

Но, дали ова ќе функционира и кај луѓето?

„Не го знаеме одговорот“, признава Џејкобс. „Но, мислам дека студијата сугерира дека треба да дознаеме“.

Експерти кои не се поврзани со студијата се согласни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG